ПРВ.мк
Свет

ДРАМАТИЧНА АКЦИЈА НА МОРЕ: Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод - еве дел од операцијата!

ДРАМАТИЧНА АКЦИЈА НА МОРЕ: Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод - еве дел од операцијата!

Турски и сомалиски специјални сили извршиле голема операција за ослободување на товарниот брод „МВ Лутуф“, кој бил киднапиран во близина на сомалискиот брег.

Во акцијата биле убиени 14 пирати, додека сите 10 членови на екипажот и двајца обезбедувачи биле ослободени и се наоѓаат на безбедно.

Бродот, кој е во сопственост на турска компанија и плови под знамето на Камерун, бил киднапиран на 17 август во близина на регионот Нугал. Пиратите потоа го насочиле пловилото кон Пунтланд.

Според сомалиското Министерство за одбрана, операцијата за ослободување траела десет дена. Во текот на акцијата биле уништени и четири чамци што ги користеле пиратите, додека преостанатите напаѓачи биле принудени да го напуштат бродот.

По ослободувањето, „МВ Лутуф“ безбедно го продолжил своето пловење. Меѓу членовите на екипажот имало турски, шест индиски и еден грузиски државјанин.

Операцијата била спроведена во рамките на договорот за одбранбена соработка меѓу Турција и Сомалија, со кој двете земји настојуваат да ја зајакнат поморската безбедност и да се борат против пиратството, тероризмот и шверцот на оружје.

Турција во последниот период значително го засилува своето воено присуство во Сомалија. Турскиот парламент во јули го продолжи мандатот на турските вооружени сили во земјата за уште две години, додека Анкара обезбедува обука, советување и техничка поддршка за сомалиските безбедносни сили.