ПРВ.мк
Балкан

НОЌЕН ХОРОР НА ВРАЧАР: Со нож пресретнувал луѓе, па следувала жестока пресметка!

НОЌЕН ХОРОР НА ВРАЧАР: Со нож пресретнувал луѓе, па следувала жестока пресметка!

Полицијата го совладала осомничениот на местото на инцидентот, а алкотестот покажал шокантни резултати

Крвава пресметка се случила синоќа во Белград, каде 34-годишниот Ф. А. е уапсен под сомнение дека со нож нападнал 46-годишен маж на улица.

Инцидентот се случил околу 20 часот на раскрсницата на улиците Господара Вучиќ и Војислава Илиќ.

Според пријавата од граѓани, Ф. А. бил во алкохолизирана состојба, им се нафрлал и ги навредувал минувачите. Кога 46-годишниот З. М. се обидел да интервенира, осомничениот наводно извадил нож и го нападнал, по што избила физичка пресметка.

Полицајците кои пристигнале на местото успеале да ги совладаат и приведат двајцата мажи.

Она што дополнително го привлекло вниманието се резултатите од алкотестирањето.

Кај 34-годишниот осомничен биле измерени дури 2 промили алкохол во крвта, додека кај 46-годишниот З. М. биле измерени 3 промили.

По налог на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на Ф. А. му е одредено задржување до 48 часа.

По истекот на задржувањето, тој ќе биде спроведен кај надлежен обвинител, а истрагата за инцидентот продолжува.