ПРВ.мк
Балкан

ПОДГОТВУВАЛ САЈБЕР УДАР: Фишинг и хакерски напади биле дел од планот - банките и еве уште кои други биле на мета!

ПОДГОТВУВАЛ САЈБЕР УДАР: Фишинг и хакерски напади биле дел од планот - банките и еве уште кои други биле на мета!

Вишото јавно обвинителство во Белград побара денеска да му биде одреден притвор на Н.М.С., осомничен за кривично дело поврзано со изработка, набавка и давање средства за извршување кривични дела против безбедноста на компјутерските податоци.

Осомничениот претходно бил сослушан пред Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград, каде што ја изнел својата одбрана.

По сослушувањето, обвинителството му предложило на судијата за претходна постапка при Вишиот суд во Белград да му определи притвор поради опасност од бегство, како и поради можноста во краток временски период да го повтори кривичното дело.

Според наводите на обвинителството, постојат основи на сомнение дека Н.М.С. од јануари до август 2026 година поседувал голема количина компјутерски програми, лозинки и други податоци наменети за таканаречен фишинг и подготовка на неовластени упади во компјутерски системи на компании.

Меѓу целите, според обвинителството, биле и одредени банкарски системи, што ја зголемува сериозноста на случајот.

Осомничениот бил уапсен на 27 август, а од обвинителството оценуваат дека со неговото апсење биле спречени нови напади насочени кон злоупотреба на платежните картички на граѓани на Србија, но и на странски државјани.

Сега конечната одлука за притворот треба да ја донесе судот.