ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА КАЈ ПОЗНАТА ПЕКАРА: Младо момче двапати избодено во жестока тепачка - еве ги деталите!

ДРАМА КАЈ ПОЗНАТА ПЕКАРА: Младо момче двапати избодено во жестока тепачка - еве ги деталите!

Крвава тепачка ноќеска ја потресе јавноста во Зрењанин, Србија, каде 19-годишен С.Р. бил тешко повреден откако во текот на пресметка бил двапати избоден со нож.

Инцидентот се случил нешто пред 3 часот во Улицата Краља Петра I, во близина на позната пекара.

Според неофицијалните информации, за нападот е осомничен 22-годишниот Б.Х., со живеалиште во Нови Сад.

По инцидентот, осомничениот наводно побегнал од местото со такси, но полицијата набрзо го лоцирала и го уапсила во Улицата Цара Душана во Зрењанин.

Повредениот 19-годишник итно бил пренесен во Ургентниот центар на зрењанинската болница. Лекарите констатирале тешки телесни повреди и две убодни рани.

Според последните достапни информации, неговата состојба е стабилна и не е во животна опасност.

Полицијата и надлежните органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности што довеле до крвавата пресметка.