ПРВ.мк
Црна Хроника

ВЕЛЕС ПОД ЛУПА: Полицијата кај 18 - годишник пронајде дрога - МВР со детали!

ВЕЛЕС ПОД ЛУПА: Полицијата кај 18 - годишник пронајде дрога - МВР со детали!

Осумнаесетгодишен жител на Велес бил лишен од слобода во текот на ноќта, откако полицијата при извршен преглед кај него пронашла и одзела марихуана.

Според информациите од СВР Велес, на 28 август во 02:25 часот, полициски службеници во Велес го лишиле од слобода С.С. (18) од Велес.

При извршениот преглед кај 18-годишникот била пронајдена марихуана, која веднаш била одземена од страна на полициските службеници.

Момчето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен и јавен обвинител.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот, против 18-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за количината на пронајдената марихуана или околностите под кои полицијата го извршила прегледот.