ПРВ.мк
Свет

„ДОСТА Е!“: Мајка ги однела на суд своите синови бидејќи и на 40 години не сакале да се иселат од дома

„ДОСТА Е!“: Мајка ги однела на суд своите синови бидејќи и на 40 години не сакале да се иселат од дома

На 75-годишна жена од италијанскиот град Павија ѝ прекипело откако нејзините двајца синови, на возраст од 40 и 42 години, и покрај тоа што биле вработени и финансиски самостојни, не сакале да се иселат од нејзиниот дом.

Жената, по име Марија, првично им дозволила да живеат со неа додека биле невработени. Очекувала дека откако ќе најдат работа ќе започнат самостоен живот, но тоа не се случило. Според нејзините зборови, тие не учествувале во плаќањето на сметките и трошоците, ниту помагале во домашните обврски.

Откако разговорите и молбите да најдат сопствено сместување не вродиле со плод, мајката решила случајот да го однесе на суд.

Судијката Симона Катерби пресудила во корист на 75-годишната жена. Во одлуката било наведено дека полнолетните деца немаат неограничено право да останат во дом кој е исклучива сопственост на родителот, особено доколку родителот повеќе не се согласува со тоа.

Судот зел предвид дека двајцата синови се вработени, финансиски самостојни и веќе имаат над 40 години. Поради тоа им бил даден рок да го напуштат домот на својата мајка.

Случајот предизвикал внимание во Италија и повторно ја отворил дебатата за тоа до кога родителите треба финансиски и станбено да ги поддржуваат своите полнолетни деца.