ПРВ.мк
Свет

Товарен брод потона по напад од Хутите - САД со високо обвинение!

Товарен брод потона по напад од Хутите - САД со високо обвинение!
Escape

Товарен брод потона по напад од Хутите, загинаа најмалку четири члена на екипажот

Во Црвеното Море, товарен брод под либериско знаме, сопственост на грчка компанија, потона по напад со дронови и ракети извршен од јеменските бунтовници Хути. Во нападот загинаа најмалку четворица морнари, а 15 лица се водат како исчезнати.

Шест члена на екипажот, меѓу кои пет Филипинци и еден Индиец, беа спасени од страна на поморските сили на Европската Унија. Хутите изјавија дека нападот е извршен во знак на солидарност со Палестинците и дека пружиле помош и евакуација на дел од членовите на екипажот.

Во меѓувреме, САД ја осудија операцијата и обвинија Хутите за киднапирање на дел од преживеаните, повикувајќи на нивно безусловно ослободување. Во последните две години, бунтовниците изведоа преку сто напади врз комерцијални бродови во регионот, предизвикувајќи значителни загуби и несигурност во поморскиот сообраќај.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo