ПРВ.мк
Свет

Snapchat официјално блокиран – еве зошто!

Snapchat официјално блокиран – еве зошто!
Kristal

Русија денес официјално го блокира пристапот до Snapchat, популарната апликација за размена на фотографии и кратки видеа, соопшти државната агенција РИА Новости, повикувајќи се на регулаторот Роскомнадзор.

Според руските власти, платформата била наводно злоупотребувана за организирање и изведување на терористички активности, како и за регрутирање извршители, што претставува главната причина за ограничувањето.

Оваа мерка следи ист ден кога беше блокирана и апликацијата FaceTime на Apple за видео-повици, дел од засилената кампања на Москва против странски технолошки платформи. Руските институции тврдат дека овие апликации се користат за криминални и деструктивни активности.

Блокадата на Snapchat се надоврзува на претходните ограничувања кон YouTube, WhatsApp и Telegram, со што Кремљ ја проширува контролата врз дигиталниот простор и комуникациските канали во земјата.

FixCredit
Atensa 300
Escape