ПРВ.мк
Свет

АЛАРМ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Иран ја затвори нафтената артерија на светот

АЛАРМ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Иран ја затвори нафтената артерија на светот

Тензиите на Блискиот Исток повторно се заоструваат откако Иран објави затворање на Ормускиот Проток, еден од најважните поморски коридори за транспорт на нафта во светот. Одлуката доаѓа по новите судири и воени дејствија во регионот, а веднаш предизвика реакции кај меѓународната заедница и енергетските пазари.

Според ирански извори, воените структури наредиле ограничување на пловидбата низ теснецот, предупредувајќи дека ќе бидат преземени дополнителни мерки доколку продолжат конфликтите и тензиите во регионот.

Во меѓувреме, од американската војска тврдат дека Ормускиот Проток останува отворен за пловидба и дека комерцијалниот сообраќај продолжува. Американската Централна команда соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата и работи на обезбедување непречено движење на бродовите низ овој стратешки воден пат.

Ормускиот Проток има огромно значење за глобалната економија бидејќи низ него минува значителен дел од светскиот извоз на нафта и течен природен гас. Секое ограничување или блокада може да предизвика сериозни последици врз цените на енергенсите и светските пазари.

Поради новонастанатата ситуација, дипломатските напори за намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се соочуваат со дополнителни предизвици, а аналитичарите предупредуваат дека наредните денови ќе бидат клучни за стабилноста во регионот.