Вистинска драма се случила во понеделникот наутро во близина на Белата куќа во Вашингтон, кога американската Тајна служба уапсила две лица по два одделни безбедносни инцидента. Во моментот на случувањата, американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓал во Белата куќа.
Според информациите на американските власти, првиот инцидент се случил непосредно пред 10 часот по локално време, кога автомобил излетал на тротоарот покрај паркот Лафајет, во непосредна близина на претседателскиот комплекс.
Возачот покажал агресивно однесување кон припадниците на безбедносните служби, но набрзо бил совладан и уапсен.
Речиси истовремено, друго лице прескокнало заштитна ограда во северозападниот дел на паркот Лафајет. Безбедносните служби веднаш реагирале и го привеле и второто лице.
Поради инцидентите, Белата куќа накратко била ставена под посебни безбедносни мерки, а улиците околу паркот биле затворени за сообраќај.
Американската Тајна служба потврди дека се води истрага за двата случаја, но засега не е утврдено дали уапсените лица биле меѓусебно поврзани.
Надлежните органи продолжуваат да ги испитуваат околностите и мотивите за двата инцидента.








