Конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран дополнително се заостри откако американските сили извршија нови воздушни напади врз повеќе стратешки цели во јужниот дел на Иран.
Според информациите, биле погодени мостови во покраината Хормозган, како и контролната кула во пристаништето Чабахар, кое има големо значење за трговските рути во регионот. Иранските медиуми јавуваат дека во нападите загинале најмалку седум лица, а оштетени биле и патни и железнички врски што водат кон пристаништето Бандар Абас.
Американската Централна команда соопшти дека акцијата била насочена кон десетици воени цели и претставува продолжување на кампањата што трае веќе шест ноќи по ред.
Како одговор, Иран лансирал ракети кон Катар, Бахреин и Кувајт. Катарските власти информираа дека едно дете било повредено од остатоци од пресретната ракета, додека Јордан соопшти дека успешно неутрализирал три проектили кои навлегле во неговиот воздушен простор.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека операцијата против Иран се одвива според планот и порача дека САД ќе продолжат со воениот и политичкиот притисок врз Техеран, со цел да се спречи блокирањето на Ормускиот Теснец – една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и природен гас.








