ПРВ.мк
Свет

САТЕЛИТИТЕ СНИМИЈА СÈ: Иранците копаат под земја – светот во страв од она што излегува од тунелите!

САТЕЛИТИТЕ СНИМИЈА СÈ: Иранците копаат под земја – светот во страв од она што излегува од тунелите!

Додека светот се надева на мир, сателитските снимки од теренот покажуваат сосема поинаква, застрашувачка слика. Иранските воени сили го користат секој миг од прекинот на огнот за да ја извлечат својата најмоќна воена механизација од подземните тунели кои беа делумно уништени во претходните напади.

Операција „Враќање од пепелта“

На повеќе стратешки локации низ Иран забележана е тешка механизација која работи на расчистување на влезовите во тунелите. Станува збор за софистицирани ракетни системи кои беа „затрупани“ по прецизните воздушни удари на САД и Израел. Сега, иранските инженери во трка со времето се обидуваат да ги оспособат овие лансери и да ги вратат на површината, подготвени за дејство.

Шокантни проценки на разузнавањето: Иран сè уште е „забиен до заби“ Иако се веруваше дека воената моќ на Техеран е значително ослабена по еден месец интензивно гранатирање, најновиот извештај на американските разузнавачки служби за „Си-Ен-Ен“ (CNN) открива нешто сосема друго. Проценките велат дека дури половина од вкупниот број ирански ракетни лансери останале потполно недопрени и оперативни.

Овие податоци фрлаат нова светлина врз геополитичката ситуација. Дали примирјето е само тактички потег на Техеран за да ги консолидира своите сили пред да го зададе следниот голем удар? Едно е јасно – „ракетните градови“ под пустината се далеку од уништени.