ПРВ.мк
Свет

БРЗОРАСТЕЧКА ЕПИДЕМИЈА КОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Секоја недела умира дете, а бебињата се раѓаат заразени!

БРЗОРАСТЕЧКА ЕПИДЕМИЈА КОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Секоја недела умира дете, а бебињата се раѓаат заразени!
Kristal

На Фиџи, земја за која често се вели дека е „рај на земјата“, е регистрирана најбрзо растечката епидемија на ХИВ во светот, а бројот на нови случаи се повеќекратно зголеми помеѓу 2023 и 2024 година.

Само во првите шест месеци од 2025 година, ХИВ е дијагностициран кај повеќе од 1.200 лица, што ја прави оваа епидемија најбрзо растечка во светот, во време кога глобалната помош за ХИВ намалува, пишува „Гардијан“.

Обединетите нации наведуваат дека положбата на Фиџи како центар за трговија со дрога и зголемената локална употреба на метамфетамин придонеле за брзото ширење на вирусот, заедно со небезбедни практики при инјектирање и недостапност на чисти игли.

Дополнително, ниската здравствена свест, културната стигма и недоволното тестирање и лекување ја влошиле кризата.

ХИВ како болест на младите и зависниците

Се проценува дека половина од оние кои се заразиле со ХИВ тоа го направиле преку делење контаминирани игли или при подготовка на дрога.

Една бебе неделно заразено со ХИВ

Здравствените власти на Фиџи соопштија дека секоја недела се открива едно бебе заразено со ХИВ, пренос од мајка на дете, а единиците за интензивна нега бележат прилив на бебиња кои бараат поддршка.

Шефот на Одделот за одговор на епидемијата на ХИВ на Фиџи, Џејсон Мичел, истакнува дека секој месец умира едно дете помало од пет години.

  • Тоа е бројка која ме боли најмногу, затоа што може да се спречи. Непростливо е што уште се раѓаат деца со ХИВ – изјави тој.

Недоверба кон западната медицина

Фиџи е архипелаг во јужниот Пацифик со околу 930.000 жители, длабоко христијанска земја каде религијата коегзистира со традиционалните верувања. Традиционалното лекување и недовербата кон западната медицина се уште се присутни, особено меѓу староседелците Фиџи и Таукеи, кои сочинуваат околу половина од населението и се во поголема мера изложени на сиромаштија, претставувајќи околу 90% од луѓето кај кои е дијагностициран ХИВ.

  • Ако живеете со ХИВ – сте грешни, одите во пекол, точка. Затоа што сме воспитани во духот на верските вредности, сè што проповедникот каже – дека „ХИВ е грев“ – е вградено во нашето срце. Еден од големите проблеми е прифаќањето. Го видов луѓе како „живи скелети“, но тие не сакаат да одат во болница. Ми го скрши срцето – објаснува Кристофер Лутукивуја (38), активист за правата на лицата со ХИВ, кој живее со оваа состојба од 2013 година.

Тој додава дека видел пријатели кои се исфрлени од семејните домови или приморани да живеат во подруми, но и оние кои претпочитаат да го негираат својот статус или дури би си го одземале животот, отколку да признаат дека се заразени со ХИВ.

Заразата се шири преку игли

Во просек, една личност со ХИВ го пренесува вирусот на 10 други, главно преку заеднички игли, истакнува д-р Кесаја Туидраки од Клиниката за сексуално и репродуктивно здравје „Medical Services Pacific“.

На Фиџи се проценува дека живеат околу 8.900 лица со ХИВ, но официјалните податоци веројатно не ја отсликуваат целосната слика. Во 2024 година се регистрирани 126 смртни случаи, но многу од смртните случаи поврзани со ХИВ не се пријавуваат поради стигмата.

Мичел додава дека често дури и кога смртта е поврзана со ХИВ или СИДА, таа не се евидентира за да се избегне срам за пациентите или нивните семејства.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo