ПРВ.мк
Македонија

Кристал меѓу најсилните брендови во Македонија, домашните компании остануваат клучни на пазарот

Кристал меѓу најсилните брендови во Македонија, домашните компании остануваат клучни на пазарот
Kristal

Домашните брендови и натаму имаат силна позиција на македонскиот пазар, покажуваат резултатите од истражувањето VALICON TOP BRANDS 2025, според кое речиси половина од водечките 25 брендови во земјава се од домашно потекло. Во услови на инфлација и променливи потрошувачки навики, граѓаните и понатаму најмногу ги вреднуваат квалитетот, традицијата и довербата.

Во таа конкуренција, значајно место има и брендот Кристал, кој е рангиран на 14. позиција меѓу најсилните брендови во Македонија. Присуството на Кристал во врвот на листата е уште една потврда дека домашните прехранбени брендови остануваат високо препознатливи и важни во секојдневната потрошувачка.

Истражувањето покажува дека македонските потрошувачи имаат изразена наклонетост кон домашни производи, особено во категориите основни и прехранбени производи, каде што лојалноста кон брендовите се гради со години.

Според методологијата на VALICON, силата на брендот не се мери само преку користење, туку и преку препознатливост, доверба и перцепција за незаменливост — параметри во кои домашните брендови, меѓу нив и Кристал, и натаму покажуваат стабилност.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo