ПРВ.мк
Свет

Силен земјотрес во Грција ги вознемири туристите: „Лежалките се тресеа, беше страшно“

Силен земјотрес во Грција ги вознемири туристите: „Лежалките се тресеа, беше страшно“

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите и туристите кои престојуваат на островите во Егејското Море.

Според официјалните податоци, потресот се случил околу 11 часот по локално време, на длабочина од приближно 15 километри. Епицентарот бил лоциран на околу 25 километри од островот Карпатос и 189 километри од Хераклион на Крит.

Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.

По земјотресот, бројни туристи и жители ги споделија своите искуства на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Дел од нив опишуваат дека лежалките на плажа се треселе, а други сведочат дека почувствувале силно нишање на креветите и зградите во кои престојувале.

Според пријавите, потресот бил почувствуван и на островот Родос, а надлежните служби засега внимателно ја следат состојбата.