Супертајфунот Рагаса, најмоќниот тропски циклон во светот годинава, денеска ја погоди Хонг Конг со ветрови со сила на ураган и ненадејни поплави. Истовремено, обилните дождови во Тајван предизвикаа смрт на најмалку 14 лица.
Во Хонг Конг патиштата се пусти, бидејќи властите ги предупредија граѓаните да останат во своите домови. Делови од источниот и јужниот брег се поплавени, а се очекува Рагаса да го задржи својот интензитет додека се движи кон кинеската покраина Гуангдонг, каде што живеат повеќе од 125 милиони луѓе. За да се спречат трагедии, властите во Гуангдонг евакуираа повеќе од 770.000 жители, објави државниот радиодифузер CCTV.
Супертајфунот претходно го опустоши северот на Филипини и Тајван. Во округот Хуланиен, во источниот дел на Тајван, загинаа 14 лица, а повеќе од 100 се водат за исчезнати по прелевањето на бариерното езеро, соопшти противпожарната служба.
Властите предупредуваат на зголемување на нивото на морето, споредливо со тајфунот Хато во 2017 година и тајфунот Мангхут во 2018 година, кои предизвикаа штета од повеќе милијарди долари. Рагаса е во моментот еден од најопасните тропски циклони кои ја погодија Азија, и неговото движење предизвикува голема загриженост за милиони жители на погодените региони.