ПРВ.мк

Американците бараат помош од Европа

Американците бараат помош од Европа
VERO Banner

САД поради птичјиот грип уништиле повеќе од 170 милиони кокошки, што довело до недостиг на јајца. Затоа, Американците сега контактираат со Европјаните, па и со Германците, барајќи кокошкини јајца.

„Примивме барање од САД“, потврдил портпаролот на германската асоцијација на производители на живина. Тој, сепак, не дал повеќе детали.

Јајцата во САД станаа дефицитарни и драматично поскапеа поради епидемиолошките мерки. Минатата недела, медиумите во неколку европски земји, вклучувајќи ги Данска и Шведска, известија дека американските власти контактираат со нивните производители барајќи да го зголемат извозот, пренесува dpa.

Претседателот на германската асоцијација, Ханс-Петер Голдник, претходно изјавил дека САД преку берзата директно увезле одредена количина кокоши јајца.

Сепак, Германија не може многу да помогне, бидејќи и самата нема доволно. Во 2023 година, домашното производство покрило 73 проценти од потрошувачката, додека остатокот бил увезен.

Американската администрација засега не потврдила дека се распитува за увоз на кокошкини јајца од Европа.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран