ПРВ.мк

ФК Шкупи тагува по Лазаров: Фудбалерите се собраа, но од солзи не можеа да го одржат тренингот

ФК Шкупи тагува по Лазаров: Фудбалерите се собраа, но од солзи не можеа да го одржат тренингот
VERO Banner

Фудбалскиот клуб Шкупи изрази голема тагa по трагичната загуба на својот играч, Андреј Лазаров, кој загина во страшниот пожар во Кочани.

Како што соопштуваат од клубот, фудбалерите се собрале на тренинг, но поради емоционалната болка и солзите, тие побарале да се одложи тренингот.

„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме во тренажниот процес. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него, со него и во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!“, велат од ФК Шкупи.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран