Фудбалскиот клуб Шкупи тагува по својот играч Андреј Лазаров, кој загина во страшниот пожар во Кочани.
Како што велат, фудбалерите се собрале, но од солзи истите барале одложување на тренингот.
„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме во тренажниот процес. Сепак, денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите! Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него, со него и во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!“, велат од ФК Шкупи.