Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери.
Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.
Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.
Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.