ПРВ.мк

Едноставен рецепт за американски палачинки во кои ќе се заљубите

Едноставен рецепт за американски палачинки во кои ќе се заљубите
VERO Banner

Најдобро е да го чувате овој рецепт на безбедно место и да го користите во моменти кога желбата за слатко станува неподнослива.

Еве како да направите највкусни американски палачинки!

Американските палачинки се разликуваат од нашите по тоа што се поголеми и подебели. Кога се печат, тие имаат дебелина од околу половина сантиметар. Додека се уште топли, се премачкуваат со малку путер и се наредуваат една врз друга, а потоа се преливаат со јаворов сируп. Ова ги прави сочни и сунѓерести, и тие се топат во устата.

Ако сакате, јаворовиот сируп може да го замените со мед, карамелен прелив, или пак многу се популарни палачинките со Нутела, домашни џемови или свежо овошје.

Состојки:

1 лажичка сол
1 лажица шеќер
250 мл млеко
1 јајце
3 лажици растопен путер
200 гр брашно
1 прашок за пециво

Подготовка:

Во длабок сад, измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот. Направете дупка во средина и додадете ги млекото, јајцето и растопениот путер. Промешајте со лажица додека не се добие густа смеса. Не користете миксер. Ако смесата е премногу густа, можете да додадете малку повеќе млеко или брашно по потреба. Оставете ја смесата да отстои 3-5 минути.

Во меѓувреме, загрејте тавче за палачинки на умерена температура. Кога е загреано, премачкајте го со малку путер.

Со помош на кутлача, ставете од смесата во тавчето. Налевајте во едно место и оставете да се распоредат во кружна форма, со дијаметар од околу 10 см. Печете додека палачинките не добијат златно-кафеава боја, а потоа превртете ги на другата страна. Печете ги уште околу 1-2 минути.

Кога се готови, подгответе ги и послужете со омилен прелив.

Добар апетит!

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран