ПРВ.мк

Возачот на Брза помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван

Возачот на Брза помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван
Jumbo Banner

Возачот на Итната медицинска помош кој загина во трагичната несреќа во Кочани, а кој превезе голем број пациенти, ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Немам податоци колку точно часови работел возачот, но е неспорно дека извршил огромен труд во превозот на пациентите. Како министер за здравство, планирам да го повикам неговото семејство следната недела и постхумно да го одликувам“, изјави Таравари.

Во врска со информациите за другиот возач на Брза помош кој наводно имал инфаркт, Таравари изјави дека такви податоци немаат во Кризниот штаб.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран