ПРВ.мк

Три видови на месо кои го уништуваат вашиот организам, вториот вид на месо е омилен во Македонија

Три видови на месо кои го уништуваат вашиот организам, вториот вид на месо е омилен во Македонија
VERO Banner

Месото е важен дел од исхраната на многу луѓе, но не сите видови месо се исто така корисни, ниту добри за здравјето. Ова особено важи за луѓето кои имаат проблеми со висок крвен притисок и срцето.

Некои видови месо, особено оние кои имаат високo ниво на натриум, заситени масти и конзерванси, можат да придонесат за хипертензија, да го зголемат нивото на холестерол и да го зголемат ризикот од срцеви болести.

Експертите предупредуваат дека некои видови месо можат да имаат штетни последици за кардиоваскуларниот систем и дека треба да се јадат умерено, а најдобро е да се избегнуваат.

Виршли

Иако се практични и често погодни за летна скара или хот дог, виршлите се еден од најнездравите видови преработено месо за здравјето на срцето.

„Виршлите се богати со заситени масти и натриум, што може да придонесе за развој на срцеви болести“, истакна кардиологот д-р Мајкл Рос за „She Finds“.

Заситените масти го зголемуваат ризикот од акумулација на наслаги во артериите, што ги стеснува и го ограничува протокот на крв.

Дополнително, големата количина натриум може да биде причина за задржување на течности, што го оптоварува срцето и го зголемува крвниот притисок.

Сланина

Заедно со виршлите, сланината е уште еден од најнездравите видови преработено месо. Покрај тоа што содржи големи количества заситени масти и натриум, може да има и други негативни ефекти врз здравјето.

Кардиологот д-р Леонард Ганс предупредува дека црвеното месо, како што е сланината, може негативно да влијае на липидниот профил, а најновите истражувања сугерираат дека бактериите во цревата при разградувањето на месото произведуваат метаболит ТМАО, кој може да го зголеми ризикот од болести на срцето, бубрезите и дијабетес.

„Преработеното месо, како што се сланината и колбасите, содржи нитрати кои можат да ја зголемат воспалителноста, а натриумот, пак, го зголемува крвниот притисок“, додава д-р Ганс.

Пржено пилешко

Многумина го избираат пилешкото како поздрава алтернатива на црвеното месо, но начинот на подготовка игра клучна улога. Прженото пилешко, било во форма на крцкави медалјони или сендвичи, носи бројни здравствени ризици.

Диететичарот Џес Федер нагласува:

„Похованите пилешки медалјони или прженото пилешко содржат многу големи количества заситени масти кои предизвикуваат воспаление, калории и натриум.“

Овие масти можат да го зголемат нивото на LDL, „лошиот“ холестерол, што доведува до запушување на артериите и зголемен ризик од срцеви болести.

Дополнително, прекумерниот внес на натриум може да го зголеми крвниот притисок, дополнително оптеретувајќи го срцето. Затоа, експертите препорачуваат да се избира печено пилешко наместо пржено.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран