ПРВ.мк

Прво огласување на преживеаната Ана Костадиновска: „Си замина дел од моето второ семејство“

Прво огласување на преживеаната Ана Костадиновска: „Си замина дел од моето второ семејство“
VERO Banner

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата на нивниот последен настап во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

За Панчо познато е дека е на болничко лекување, за Горан исто дека е меѓу повредените, додека последните информации за Ана беа дека е на домашно лекување.

Таа денес, пред да ги испрати во вечноста своите блиски пријатели и драги колеги за првпат се огласи на својот Фејсбук.

-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина….., а кој би рекол дека празнината може толку силно да БОЛИ, напиша Ана на социјалните мрежи.

Ана ја промени и својата профилна фотографија каде е заедно со својата трагично почината колешка Сара Пројковска.

-Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден… стои во описот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран