Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која започнува укинување на американското Министерство за образование.
Трамп рече дека „ова е вистинскиот чекор“ и дека одделот ќе биде затворен „што е можно побрзо“.
Министерството за образование на САД администрира федерални студентски заеми за студенти од колеџ и универзитет, обезбедува помош за студенти со ниски приходи и ги финансира училиштата за да обезбедат одредени програми за студенти со попреченост.
Во Америка, училиштата најчесто се финансираат и управуваат на ниво на сојузни држави, а тоа особено се однесува на основните и средните училишта, додека само околу 13% од финансирањето на овие училишта доаѓа од државниот буџет.
Белата куќа тврди дека елиминирањето на одделот ќе ги подобри резултатите од тестовите на студентите и ќе заштеди пари, додека демократите и другите критичари велат дека овој потег ќе ги остави најранливите студенти без помошта што им е потребна.
Наредбата на Трамп доаѓа како дел од пошироката стратегија на администрацијата во последните недели за намалување на големината на федералната влада.