Сочно и вкусно јадење…
Состојки:
1 главица карфиол
100 мл млеко
1 коцка за супа, пилешка
250 мл павлака за готвење
200 гр кашкавал
2 лажици презла
прстофат сол
прстофат бибер
зачинска пипер
50 гр путер
Начин на подготовка:
Ставете млеко да зоврие со половина литро вода и коцка за супа. Од главица карфиол одвојте ги крупните цветови, па спуштете во врела течност и гответе пет минути.
Намачкајте со путер сад за печење, наредете цветови карфиол, па посипете со рендан кашкавал и презла.
Прелијте со павлака, посолете, побиберете и посипете со зачинска пипер. Печете 15 минути во рерна загреана на 180 степени.
Добар апетит!