Кајли подигна голема прашина кога сподели како би отишла по деца во градинка или училиште.
Кајли Џенер (27), ријалити ѕвезда која со поранешниот партнер Травис Скот има две деца – Стормии (7) и Аира (3), оваа недела сподели промотивно видео за најновата колекција од нејзиниот бренд Khy во соработка со Poster Girl.
Кајли за време на Q&A сесијата за новата колекција носеше атрактивен црвен латекс фустан кој ги следи линиите на телото и има длабоко деколте.
На прашањето што ѝ е омилена работа во колекцијата, таа одговори:
„Веројатно начинот на кој се чувствувам додека ја носам. Ова е нашата најженствена колекција до сега. Имаме најдобар латекс, а она што ме привлече кај Poster Girl фустаните е колку е нивниот латекс тенок и удобен, што ме прави среќна.“
Меѓутоа, одговорот на следното прашање – каде би ја носела оваа фустан – предизвика бура на коментари.
Кајли самоуверено рече: „Би го носела овој аутфит во клуб. Би го носела додека ги водам децата во училиште и градинка. Би го носела на бизнис состаноци. Се чувствувам феноменално во овој фустан. Ова е најудобниот латекс кој сум го носела.“
На крајот, кога ја прашаа дали се чувствува сигурно во фустанот, таа одговори со насмевка: „Овие прашања се супер! Да, моите гради се сосема безбедни.“
Нејзиниот коментар дека би отишла во ова издание по деца во училиште и градинка предизвика поделени реакции на интернет – додека некои беа шокирани, други го препознаа нејзиниот хумор.
„Да ги водиш децата во училиште во ова?“ се запраша еден корисник на Инстаграм, додека друг додаде: „За мене шминката е доволна да ме гледаат чудно, а камоли латекс фустан!“
Третиот иронично коментира: „Училиштето мора да е дома, бидејќи никој нормален не би носел латекс по деца!“
Од друга страна, некои уживаа во нејзиниот коментар.
„Твојот хумор е врв!“ напиша еден обожавател, додека друг додаде: „Знаете што, зошто да не?“
Една мајка се пошегува: „Изгледа дека цело време сум доаѓала по децата во погрешна облека.“
Друга напиша: „Опа, а јас секогаш ги носам во тренерки и качкет.“
Што велите вие?