ПРВ.мк

Срамно: Шкотите не дозволија Македонија U17 да игра во темни дресови

Срамно: Шкотите не дозволија Македонија U17 да игра во темни дресови
VERO Banner

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра одличен натпревар против Шкотска во Глазгов во квалификациите за елитната рунда на Европското првенство. Нашите млади фудбалери водеа со 1-0, но им беше поништен регуларен гол, а потоа примија гол од офсајд за конечни 2-2.

Дополнително, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информираше дека домаќините не дозволиле македонските фудбалери да настапат во темни дресови и опрема.

Поддршка за македонските надежи пристигна од легендите Горан Пандев и Ѓорѓи Христов, кои како дел од ФФМ беа присутни во Глазгов за да им дадат морална поддршка.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран