ПРВ.мк

„Чкембари“ со апел: Без пиротехника до крајот на сезоната во чест на жртвите од Кочани

„Чкембари“ со апел: Без пиротехника до крајот на сезоната во чест на жртвите од Кочани
VERO Banner

Навивачите на битолски Пелистер, популарните „Чкембари“ испратија повик до сите навивачки групи од земјава да не користи пиротехника до крајот на оваа сезона.

Како што информираат „Чкембарите“, поради големата трагедија која што се случи во саботата вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која згаснаа 59 млади животи, тие до крајот на сезоната нема да користат пиротехника како знак на почит на сите трагично загинати.

„Во овие денови на тага и неверување донесовме одлука во чест и почит кон жртвите, повредените и нивните семејства во трагедијата во Кочани. Навивачката група „Чкембари“ нема да користи пиротехника до крајот на оваа сезона. Уште еднаш изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на сите настрадани. Исто така, уште еднаш изјавуваме дека сме на располагање, доколку на каков било начин можеме да помогнеме“ – стои во соопштението на битолската навивачка група.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран