Министерот за здравство, Арбен Таравари потврди дека денеска на домашно лекување се пуштаат 10 пациенти.
„Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во „8 септември“ се 12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациенти. Исписи имаме еден пациент од Штип, еден од Детска Хирургија, три ќе се испишат од Торакална хирургија. Во Систина и Жан Митрев се лекуваат 10 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат“, порача Таравари.