ПРВ.мк

Битола доделува финансиска помош за семејствата настрадани во трагедијата во Кочани

Битола доделува финансиска помош за семејствата настрадани во трагедијата во Кочани
Jumbo Banner

Советот на општина Битола на вонредна седница изгласа еднократна финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот пожар што се случи на 16 март во Кочани.

Одлуката предвидува издвојување на два милиони денари од општинскиот буџет, од кои еден милион денари ќе бидат наменети за семејствата на загинатите, а еден милион за повредените лица.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изрази сочувство до семејствата погодени од несреќата, истакнувајќи ја солидарноста на градот во вакви тешки моменти.

„Битола отсекогаш била град на солидарноста. Оваа одлука, донесена заедно со сите советнички групи, претседателката на Советот и координаторите, е израз на нашата поддршка и сочувство со семејствата на настраданите и повредените“, изјави Коњановски.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, потенцираше дека оваа помош е симбол на заедничката поддршка од страна на градот и неговите институции во време на голема трагедија.

Советот на општина Битола уште еднаш ја демонстрираше својата солидарност и хуманост, испраќајќи порака дека во најтешките моменти, заедништвото е најголемата сила.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран