Бугарските фудбалски легенди Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Балаков преку својата фондација „Национал94“ ќе понудат помош на настраданите од трагичниот пожар во Кочани.
Фудбалерите кои играле за Бугарија на Светското првенство 1994 година, преку фондацијата ќе обезбедат средства кои ќе бидат донирани за помош.
„Трагедијата нема датум и време. По неа остануваат само солзи и огромна болка. Како Фондација „Национал94“, изразуваме искрено сочувство до загинатите. Фудбалот нè зближи со народот во Македонија и во овој тежок момент е важно да ја дадеме нашата поддршка“, велат од фондацијата.