ПРВ.мк

Итно клуч на врата на 80% од дискотеките во Македонија

Итно клуч на врата на 80% од дискотеките во Македонија
VERO Banner

Владата ќе ги затвори објектите кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди Премиерот Христијан Мицкоски најави дека над 80 проценти од дискотеките во Македонија ќе бидат затворени поради неспособноста да ги исполнат минималните технички и безбедносни услови. Оваа одлука следи по трагичниот инцидент во Кочани, во кој загинаа 59 лица.

  • „По трагедијата во Кочани, Пазарната инспекција започна контроли низ земјата, проверувајќи ги лиценците на дискотеките и кабареите. До сега се проверени 60-70 објекти, и утврдено е дека дури и тие кои формално имаат дозволи, не ги исполнуваат условите“, изјави Мицкоски во денешното гостување на телевизија Сител.

Од 22 дискотеки кои имаат лиценци, половина од нив не ги исполнуваат основните технички стандарди. 

  • „Мора да бидам строг и да кажам дека повеќе од 80 отсто од објектите ќе бидат затворени, без разлика на реакциите на сопствениците“, додаде премиерот.

Покрај тоа, Мицкоски ја наложи контрола на кафулињата и нивните заградени тераси низ општините, бидејќи и тие често организираат забави.

Во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, премиерот истакна дека сите одговорни ќе се изнесат пред суд, без разлика на нивната партиска припадност. Тој најави одговорност и за други трагични настани, како несреќата во модуларната болница во Тетово и автобуската несреќа кај Ласкарци.

  • „Ќе одиме до крај. Сакаа да го видат крајот, епа ќе го видат крајот. Ако не успееме, јас сум тој што ќе ја урне оваа Влада“, порача Мицкоски.

Денот на погребот на жртвите од трагедијата во Кочани е утврдена за 20 март, а Владата препорача да биде неработен ден во Кочани.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран