Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, животот го загуби и младиот Филип Ивановски.
Тој бил меѓу првите кои успеале да излезат од дискотеката без поголеми повреди, но одлучил да се врати назад во огнот и димот за да ѝ помогне на другарка која ја немало. По неговото враќање, Филип повеќе не излегол.
„Нашиот ангел Филип Ивановски замина во вечноста и се молиме да биде на поубаво место од оваа мочурише во кое живееме ние грешните.
Мојот најдобар другар, колега и херој Филип, а помеѓу другарите Фичо, успеал да излезе помеѓу првите скоро без никави повреди и решил да се врати назад во оганот и чадот да помогне на другарка која ја немало, но не се врати повеќе.
Последното испраќање со Филипче ќе биде утре ( четврток) 20.03.2025 во Соборен Храм Свети Никола -Штип ( градска црква ) од 09:00 до 11:00 часот“, вели неговиот татко.