Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, се огласи по трагичниот настан во Кочани, истакнувајќи дека безбедноста на граѓаните останува приоритет.
„Последиците од овој немил настан ќе останат трајно врежани во сите нас. Во моменти кога тагата и бесот се неизбежни, потребно е да останеме разумни и обединети, со цел да спречиме вакви трагедии во иднина“, порача Коњановски.
Тој нагласи дека општината постапува согласно законските одредби и не издава дозволи без соодветна документација. Истовремено, надлежните институции веќе започнаа контроли, а на терен е активен и битолскиот инспекторат.
„И во овие тешки моменти, остануваме посветени на тоа Битола да биде уште побезбедно и поубаво место за живеење, преку заеднички напори и доследно почитување на законите“, истакна градоначалникот.