ПРВ.мк

Путин и Трамп ги објавија деталите од договорот, направен е огромен напредок

Путин и Трамп ги објавија деталите од договорот, направен е огромен напредок
VERO Banner

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, се согласија денеска во телефонски разговор дека војната меѓу Русија и Украина мора да заврши со „траен мир“, а преговорите за оваа цел ќе започнат веднаш, соопшти Белата куќа.

Двата лидери договорија дека почетокот на процесот на мир ќе биде со прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, како и со технички преговори за спроведување на прекин на огнот во Црното Море, што ќе води до целосен прекин на огнот и постигнување на траен мир, се наведува во соопштението објавено по разговорот.

Преговорите ќе започнат веднаш на Блискиот Исток, додава Кремљ.

Путин го прифатил предлогот на Трамп за 30-дневен прекин на нападите на енергетската инфраструктура на Украина и Русија. Руските медиуми известија дека по разговорот со Трамп, Путин му наредил на војската да ги запре нападите врз овие цели во наредните 30 дена.

Кремљ истакна дека двата лидери имале „детална и искрена размена на мислења“ за ситуацијата во Украина, додека изразија уверување дека мирот може да донесе значителен напредок за билатералните односи меѓу САД и Русија, вклучувајќи економски договори и геополитичка стабилност по постигнувањето на мир.

Белата куќа објави дека Трамп е „решен“ да постигне договор за ставување крај на руската војна против Украина и дека светот е блиску до мир.

Претходно, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ја посетил Русија и се сретнал со Путин за да разговара за предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот. Кремљ соопшти дека Виткоф му пренел на Трамп „дополнителни сигнали“.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран