ПРВ.мк

Протести во Истанбул по апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу

Протести во Истанбул по апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу
VERO Banner

Илјадници демонстранти се собраа пред главниот полициски штаб во Истанбул, откако турските власти го уапсија градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, кој е еден од главните противници на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Апсењето предизвика бурни реакции низ целата земја и доведе до масовни протести организирани од опозициската Народнорепубликанска партија (ЦХП). Поддржувачите на Имамоглу го осудија потегот како политички мотивиран, обвинувајќи ја владата за обид да ја потисне опозицијата пред претстојните избори.

Демонстрантите скандираа „Правда за Истанбул“ и „Не на диктатурата“, барајќи ослободување на градоначалникот и гаранции за демократски процеси во земјата. Опозициските лидери најавија дека протестите ќе продолжат сè додека Имамоглу не биде пуштен на слобода.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран