Вчера попладне во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош.
„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија биле пронајдени J.C. и O.В., двајцата од Чешката Република. Со нивниот кампер мерцедес со чешки национални ознаки, тие биле извлечени од снежниот нанос“, се наведува во билтенот на МВР.