Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објави американскиот претседател на неговата социјална мрежа „Truth Social“, пренесува Би-Би-Си.
Трамп го опиша повикот како „многу добар“, додавајќи дека траел околу еден час.
„Голем дел од разговорот беше посветен на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин, со цел да се усогласат барањата и потребите на Русија и Украина“, напиша Трамп.
„Ние сме на добар пат“, додаде тој.
Трамп исто така изјави дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат прецизен преглед на темите што се дискутирале“.
Тој најави дека ќе следува дополнителна изјава „наскоро“.