ПРВ.мк
Свет

Путин прави големи промени - го смени министерот за сообраќај а еве и зошто

Путин прави големи промени - го смени министерот за сообраќај а еве и зошто
Escape

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши министерот за сообраќај, Роман Старовојт, веднаш по сериозниот нарушен воздушен сообраќај во Русија предизвикан од украинските воздушни напади со дронови. На негово место како вршител на должност е назначен Андреј Никитин.

Во периодот од сабота до понеделник поради нападите биле откажани 485 летови, 88 пренасочени, а 1.900 летови доживеале задоцнувања. Авиокомпаниите се соочиле со големи трошоци за враќање пари на патници и обезбедување на храна и сместување, а штетата се проценува на неколку милијарди рубљи.

Ова е најновиот удар врз руската инфраструктура, кој ја зголеми тензијата и ја принуди владата да преземе остри мерки. Роман Старовојт беше министер од мај 2024 година, а новиот вршител на должност Андреј Никитин сега ќе се соочи со сериозните предизвици на домашниот фронт.

Mia Home Mavrovo