ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) МАКРОН ОБЈАВИ ВИДЕО - Француски командоси со специјална акција упаднаа на руски танкер

(ВИДЕО) МАКРОН ОБЈАВИ ВИДЕО - Француски командоси со специјална акција упаднаа на руски танкер

Француската морнарица изведе спектакуларна операција во близина на брегот на Сицилија, каде специјални командоси се качија на нафтениот танкер Дели, за кој западните власти се сомневаат дека е дел од таканаречената руска „флота во сенка“. Акцијата ја објави францускиот претседател Емануел Макрон, споделувајќи видео на кое се гледаат војници како се спуштаат од хеликоптери директно на палубата на бродот.

Според Макрон, танкерот бил пресретнат поради сомнежи дека ги прекршува меѓународните поморски правила и дека се користи за транспорт на руска нафта со цел да се избегнат западните санкции. Тој порача дека Европа останува решена да ги спречи ваквите активности и да го ограничи финансирањето на руските воени операции.

Оваа акција следува по неодамнешната британска операција против танкерот Смиртос, кој беше задржан во британски води откако останал без валидно знаме. Бродот превезувал повеќе од 100.000 тони руска сурова нафта, а неговиот капетан беше уапсен под сомнение за прекршување на санкциите.

Во меѓувреме, Москва жестоко ги осуди ваквите интервенции, оценувајќи ги како незаконски потези и директно кршење на меѓународното право. Западните држави, пак, продолжуваат со засилени мерки против мрежата танкери за кои тврдат дека ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи економските ограничувања воведени поради војната во Украина.

ВИДЕО