ПРВ.мк
Свет

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Министерот за одбрана повика на единство и отпор

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Министерот за одбрана повика на единство и отпор
Kristal

По американските напади врз Венецуела, состојбата во земјата ескалира, а вооружените сили се ставени во целосна готовност. Венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопез, соопшти дека армијата е распоредена низ целата територија на државата и повика на национално единство во, како што ја нарече, најтешката агресија со која земјата досега се соочила.

Во објава на социјалните мрежи, Падрино Лопез истакна дека сите воени формации постапуваат според наредбите на државниот врв и дека безбедносните структури се подготвени да одговорат на секоја закана. Тој не се осврна директно на тврдењата за апсењето на претседателот Николас Мадуро, но нагласи дека институциите продолжуваат да функционираат.

„Тие нè нападнаа, но нема да нè скршат. Ќе изградиме ѕид на отпор. Нашиот повик е мир, но нашата историја е борба за слобода“, порача министерот, апелирајќи до граѓаните да останат смирени и обединети.

Според неговите зборови, властите собираат информации за евентуални жртви и материјална штета, при што тврди дека дел од американските напади погодиле и цивилни области. Тој предупреди дека паниката и дестабилизацијата се дел од стратегијата на противникот и повика на дисциплина и ред.

Министерот јасно порача дека Венецуела нема да дозволи присуство на странски воени сили на својата територија и дека армијата ќе продолжи да ја брани државата и нејзиниот суверенитет.

FixCredit
Escape