ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ НА ЛИНИЈА САД–ИТАЛИЈА: Трамп повторно нападна, Мелони жестоко одговори

СКАНДАЛ НА ЛИНИЈА САД–ИТАЛИЈА: Трамп повторно нападна, Мелони жестоко одговори

Жестока размена на пораки се одвива меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако двајцата размениле јавни обвинувања и критики кои предизвикаа бурни реакции во политичките кругови.

Мелони му порача на Трамп дека неговите напади немаат смисла и дека нејзината популарност не зависи од него, туку од работата што ја извршува во интерес на Италија.

„Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум твоја пријателка сигурно не влијае на неа. Таа произлегува од тоа што ги штитам националните интереси на Италија“, порача Мелони, додавајќи дека тоа го прави доследно и кога станува збор за односите со САД.

Таа нагласи дека Италија останува суверена држава и дека постоечките договори за воените бази и соработката ќе бидат почитувани.

„Секоја употреба на тие бази е регулирана со договори кои се јасни и ќе останат на сила додека јас сум премиер“, истакна таа.

Во својата порака, Мелони порача и дека нема намера да ја продолжува расправата, нагласувајќи дека верува во единството на Западот и дека ваквите јавни препукувања не се на ниво на одговорност што треба да ја покажуваат државници.

Од друга страна, Трамп повторно ја нападна, тврдејќи дека нејзината популарност опаѓа и дека таа наводно бара соработка со САД по претходни несогласувања.

Тој изнесе и тврдења за нивните средби и политички односи, што дополнително ја вжешти ситуацијата и предизвика нов бран реакции во меѓународната јавност.