Во голема меѓународна операција за борба против сексуалната експлоатација на деца, идентификувани и спасени се 147 деца ширум светот.
Акцијата била спроведена во рамките на 19-тата меѓународна работна група за идентификација на жртви (VIDTF), која од 7 до 18 септември се одржувала во седиштето на Европол во Хаг.
Во операцијата учествувале експерти од 28 земји, заедно со претставници на Европол и Интерпол. Во текот на две недели биле анализирани 377 збирки податоци, меѓу кои фотографии, видеозаписи и други достапни информации.
Според српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, идентификацијата на жртвите претставува една од најсложените задачи во борбата против високотехнолошкиот криминал.
Тој посочи дека истражителите мора внимателно да анализираат голем број детали од достапните материјали, меѓу кои предмети, пејзажи и јазик, со цел да дојдат до информации што можат да помогнат во утврдувањето на идентитетот и локацијата на жртвите.
Дачиќ нагласи дека ваквите истраги бараат високо ниво на стручност, концентрација и меѓународна соработка, додавајќи дека српското МВР ќе продолжи да ги зајакнува капацитетите за заштита на децата на интернет.








