Тензиите во Персискиот Залив достигнаа точка на вриење по првите 48 часа од американската поморска блокада околу иранските пристаништа. Додека Вашингтон тврди дека воспоставил „челична завеса“ низ која ниту една птица не може да прелета, Техеран веќе објави вести за наводен пробив на блокадата.
Централната команда на САД (CENTCOM) излезе со официјално соопштение во кое се вели дека нивните сили имаат целосна контрола на морето. Според американски извори, најмалку девет бродови веќе ги послушале наредбите на американската морнарица и се повлекле назад кон брегот, не осмелувајќи се да ја преминат замислената линија на блокадата.
Контра-удар од Техеран: Брод со храна го „измами“ Пентагон? Сепак, иранската новинска агенција „Фарс“ пласираше сосема поинаква слика. Тие тврдат дека товарен брод полн со храна веќе го поминал критичниот Ормутски Проток и успешно плови кон пристаништето „Имам Хомеини“. Иако овие тврдења се уште не се независно потврдени, податоците за следење на бродовите сугерираат дека одредено движење навистина постои.
Каде е линијата на фронтот? Она што ја прави ситуацијата дополнително опасна е нејаснотијата околу тоа каде точно САД ја спроведуваат блокадата. Дали станува збор за директно затворање на Ормутскиот Проток или за „задушување“ само на иранските пристаништа? Додека воените стратези ги анализираат мапите, светот со страв очекува дали оваа „игра на мачка и глушец“ ќе прерасне во директен воен судир на двете велесили.










