ПРВ.мк
Свет

Кремљ во паника: Путин под нови безбедносни мерки – страв од државен удар!

Кремљ во паника: Путин под нови безбедносни мерки – страв од државен удар!

Москва е во состојба на зголемена тревога Кремљ драстично ја засили личната безбедност на претседателот Владимир Путин, воведувајќи нови протоколи кои вклучуваат надзор во домовите на неговите најблиски соработници. Според извештај на европска разузнавачка агенција, објавен од CNN, мерките се реакција на серија атентати врз високи руски воени функционери и растечки страв од државен удар.

На готвачите, телохранителите и фотографите им е забрането да користат јавен превоз, посетителите на Путин минуваат двојни проверки, а оние што работат во негова близина смеат да користат телефони само без интернет. Дел од мерките биле воведени по атентатот врз генерал во декември, што предизвикало судири во врвот на безбедносниот апарат.

Извештајот наведува дека Кремљ е загрижен за протекување на чувствителни информации и ризик од заговор. Особено внимание се посветува на можни атентати со беспилотни летала. Најинтересниот дел се однесува на поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој иако отпуштен, задржува значително влијание и е поврзан со ризик од државен удар. Апсењето на неговиот близок соработник Руслан Чаликов во март се смета за кршење на „договорите за премолчена заштита“ меѓу елитите, што дополнително ја зголемува тензијата.

Путин веќе преживеа обид за државен удар во 2023 година со маршот на Пригожин кон Москва. Сега, во четвртата година од инвазијата на Украина, со економски тешкотии и растечки незадоволство дома, Кремљ е под притисок каков што не се памети.