Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран достигнаа критична точка по неуспешните дипломатски обиди во Исламабад. Додека американската војска веќе ја спроведува поморската блокада, Иран возврати со ултиматум кој може да ја парализира светската економија: Блокада на Црвеното Море!
Иранското воено раководство упати јасно предупредување до Белата куќа – секое загрозување на нивните нафтени танкери ќе се смета за директно кршење на прекинот на огнот. Според државната агенција ИРНА, Иран е подготвен да го блокира стратешкиот воден пат преку кој се снабдува Европа.
Планот на Иран вклучува и активирање на јеменската милиција Хути. Нивната задача би била целосно попречување на сообраќајот низ теснецот Баб ал Мандаб. Ова не е само воена закана, туку економски нож под грлото на Западот, бидејќи овој воден пат е „крвотокот“ што ја поврзува Европа со Азија преку Суецкиот канал.
Откако преговорите во Пакистан завршија без договор, Доналд Трамп не губеше време. Американската поморска блокада официјално започна во понеделникот, ставајќи ги иранските пристаништа под челичен обрач. Иако претседателот Трамп јавно зборува за „финална рунда разговори“ и крај на војната, неговите потези на терен сугерираат максимален притисок.
Додека трае оваа драма, се случи и значајна средба меѓу Си Џинпинг и Сергеј Лавров. Пораката од Пекинг е јасна: „Мора да ги штитиме заедничките интереси“. Ова навестува дека Америка би можела да се соочи со многу поширок фронт доколку ситуацијата во Црвеното Море ескалира.
Дали светот е подготвен за цени на нафтата кои ќе одат до небо и целосен прекин на трговските патишта? Следните денови се пресудни за тоа дали ќе преовлада разумот или ќе започне конфликт со несогледливи последици.









