Туристите кои летуваат во Грција споделуваат важно предупредување до сите што користат автомобил – пред да го стартувате возилото, задолжително проверете ја околината и просторот околу тркалата.
Апелот го објави турист од Србија во Фејсбук групата „Грчка инфо“, каде напиша дека повеќепати забележал мали мачиња како се кријат под автомобилите за да се заштитат од високите температури.
„Во Грција добро погледнете пред да тргнете некаде. Постојано ги има“, напиша тој, споделувајќи видео на кое се гледаат две мали мачиња скриени покрај тркалото на автомобил.
Под објавата бројни туристи потврдија дека ова е честа појава во текот на летните месеци.
Една корисничка напиша дека секогаш внимателно го проверува автомобилот пред поаѓање, додека друга откри дека неодамна спасила маче кое се сокрило кај тркалото.
Еден возач сподели дека дури по неколку часа возење слушнал мјаукање од моторниот простор, по што пронашол мало маче и го спасил.
Поради високите температури, животните често бараат засолниште под возилата, па затоа туристите апелираат сите возачи да бидат внимателни и пред секое тргнување да направат кратка проверка околу автомобилот.








