ПРВ.мк
Свет

НОВА ПРЕСМЕТКА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Два дрона го разгореа јужен Либан, има повредени - ова е бројот на жртви!

НОВА ПРЕСМЕТКА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Два дрона го разгореа јужен Либан, има повредени - ова е бројот на жртви!

Нова ескалација на тензиите е забележана во јужен Либан, откако израелската армија соопшти дека извршила воздушни напади врз цели поврзани со Хезболах. Според израелската страна, нападите биле одговор на лансирањето на два дрона наполнети со експлозив, насочени кон израелските сили.

Од израелската војска информираат дека едниот дрон бил пресретнат, при што немало повредени меѓу израелските војници. Засега не се соопштуваат детали за тоа што се случило со вториот дрон. Израелските власти оценуваат дека лансирањето претставува прекршување на договорениот прекин на огнот.

Во меѓувреме, израелската армија упати предупредување до жителите на Араб Салим да се оддалечат од подрачјето околу објект за кој тврди дека е поврзан со Хезболах и дека може да биде нападнат.

Од теренот се пријавуваат напади и во Набатије ал-Фаука, Кафр Руман и Вади Салуки. Ситуацијата во јужен Либан останува напната и покрај прекинот на огнот, со продолжени воздушни удари и меѓусебни напади во повеќе области.

Израелската војска и во претходни наврати известуваше за операции против, како што тврди, инфраструктура и складишта за оружје на Хезболах во јужен Либан, наведувајќи дека целта е да се спречат потенцијални закани кон израелските сили и територијата на Израел.