Рано утрово на Тајмс Сквер во Њујорк се случи пукање во кое беа повредени тројца лица. Осомничен за пукањето е 17-годишен тинејџер кој веднаш бил приведен од полицијата.
Меѓу повредените се 18-годишно девојче кое се здоби со гребнатини на вратот и двајца мажи, на возраст од 19 и 65 години, кои биле ранети во нозете. Сите повредени добиле медицинска помош.